Костадиновска-Стојчевска: Пофалени сме за напредокот, кај опозицијата да преовладее разумот

t

Според министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска смета дека меѓу опозициските пратеници ќе преовладее разумот и ќе има доволен број на пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени.

-Се надевам дека ќе преовладее разумот бидејќи тие не се гласани од самите себе, туку од граѓаните што сакаат да видат државата во ЕУ. И ние како Влада имаме обврска, како некој што е гласан од народот, за да одлучуваме во нивно име што е најдобро. Се надевам и дека опозицијата ќе се свести и дека со овие чекори што ги прават во последно време, не прават никому добро, па ни самите себе, порача Костадиновска-Стојчевска во гостувањето на емисијата „Трилинг“.

Министерката додаде дека сме пофалени во европската заедница за досегашиот напредок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомбакис и Бисера со моќна порака од…

Бомбакис, човекот кој испраќа порака преку неговите…