Костадиновска Стојчевска: Претседател на Собрание може да биде етнички Македонец, Албанец – но прв официјален јазик во државата е македонскиот
Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска на социјалните мрежи реагираше на денешната свечена изјава на новоизбраниот претседател на Собранието, Африм Гаши и на фактот што целата церемонија прво се водеше на албански, а дури потоа на македонски јазик
„Зошто е скандалозно свечената заклетва да се дава прво на албански, а потоа на македонски јазик? Прво, затоа што македонскиот јазик е првиот официјален јазик на Северна Македонија, а потоа следат другите, не помалку важни јазици, но утврдени со Устав согласно процентуалната застапеност на граѓаните кои го зборуваат. Второ, јазикот не е и не може да биде личен или етнички механизам за политичко поентирање – јазикот е средство за службена и друг тип комуникација. Трето, претседател на Собрание може да биде и етнички Албанец, и етнички Македонец и било кој друг пратеник за кој владејачките партии ќе се договорат, но прв официјален јазик во Северна Македонија е македонскиот јазик. Четврто, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик – сигурна сум дека денешната конститутивна седница има и силен меѓународен одек“ – напиша Костадиновска Стојчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…