Костадиновски: Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и јакнењето на правната држава
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, во која порача дека идеалите на илинденците и асномската генерација претставуваат обврска за градење современа и правна држава.
Костадиновски, во честитката упатена во свое име и во име на Судот, посочи дека денеска се одбележуваат 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит кон визионерството, храброста и жртвата на генерациите кои ги поставиле темелите на македонската државност.
„Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и јакнењето на правната држава“, наведува Костадиновски.
Тој порача дека силата на Уставот зависи од посветеноста на секој граѓанин да го почитува и штити, бидејќи само така, како што вели, уставните права и слободи можат да бидат целосно заштитени.
„Денес повеќе од кога било, потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката. Илинденската идеја не завршува со освојувањето на слободата. Таа продолжува со обврската да ја чуваме истата. Мирот и слободата се неразделни, а праведното општество може да постои само таму каде што владее правото и секој ја презема својата одговорност кон државата и кон Уставот“, порача претседателот на Уставниот суд, упатувајќи честитка по повод празникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…