Костадинов бара припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија

t

Лидерот на ултрадесничарската и ултранационалистичка партија „Преродба“ во Бугарија, Костадин Костадинов, побара од владата во Софија да излезе со официјални претензии за припојување на Македонија и украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Во објава на Фејсбук, Костадинов ги поддржа ставовите на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за Канада и Панамскиот канал, истакнувајќи дека Бугарија треба да се залага за обединување на Македонија и Јужна Бесарабија со својата територија. Тој тврди дека истото важи за Македонија, која има заедничка историја, потекло и јазик со Бугарија, и посочува дека и Јужна Бесарабија, која е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, треба да се врати под бугарска власт. Според Костадинов, Украина ја поседува оваа област само 34 години и ситуацијата треба да се решава на идниот мировен конгрес.

„Преродба“ ја поддржува идејата за обединување на Бугарија со Македонија и враќање на Јужна Бесарабија, сметајќи дека ова е природен и логичен процес, како што тоа било за САД и Канада или за Панамскиот канал. Костадинов исто така напиша дека во случај на распад на Украина, Бугарија треба да ги потврди своите претензии на оваа територија.

На последните парламентарни избори во Бугарија, „Преродба“ доби 12,92% од гласовите и осигура 35 пратенички места, што ја постави како третата најсилна политичка партија во 240-члениот парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…