,,СЕ ЧУВСТВУВАВ ОТФРЛЕН, ЗАТОА ГО СТОРИВ ТОА” – Коста одговори на прашањето кое ги мачи родителите на жртвите
Судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на Коста кој на 3 мај минатата година уби 9 ученици и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, е продолжено денеска во зградата на Вишиот суд во Белград. Како што јавуваат дел од медиумите, Коста Кечмановиќ на прашањата одговара со пауза од една до две минути.
Во пресрет на судењето беше одлучено Коста да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија како што првично беше планирано.
Коста денеска за првпат одговорил на прашањето кое година ипол ги мачи сите родители на убиени деца.
– Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам, изјавил Коста пренесуваат српските медиуми.
Прашања можат да поставуваат оштетените, судијата, обвинителот, обвинетиот и неговите адвокати. Според пишувањата, за Коста подготвени се 250 прашања.
Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката.
Мајката на момчето, која беше обвинета во овој случај, во судот дошла од слобода, додека таткото е донесен од притвор.
Малолетникот денеска за првпат е изнесен од установата во која се наоѓа по делото.
Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…