Костова со осуда на инцидентот во Штип: Додека Панче Тошковски му тера кампања на Орце, на нас штипјани денеска децата ни ги сокршија од ќотек на стадион
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, најостро го осуди денешниот инцидент на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа нападнати младински спортисти на фудбалски натпревар.
„Додека Панче Тошковски му тера кампања на Орце Ѓоргиевски, на нас штипјани денеска децата ни ги сокршија од ќотек на стадионот Бело Брдо. Нов ден, нов крах на безбедноста под водство на најнеспособниот министер за внатрешни работи во историјата на самостојна Македонија!
Најостра осуда за денешниот инцидент на натпреварот меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“! Додека Тошковски се слика, младите спортисти немаат минимум безбедност, ниту можност за непречено спроведување на обичен фудбалски натпревар.
Ништо од големите ветувања на ДПМНЕ и Мицкоски. Кога среде Штип ни ги сокршија децата од ќотек, што останало за безбедноста на ниво на цела држава. Со ваква партизирана полиција, водена само за остварување на тесните интереси на неколкутемина дпмне-вски челници и нивни соработници од подземјето, безбедноста ја снема од македонската реалност.
И по кој знае кој пат бараме оставка од Тошковски! Тоа е најмалку што може да го направи.“ стои во објавата на Костова.
Денеска на натпреварот меѓу младинските екипи на ФК „Шкупи“ и ФК „Брегалница“, се случи немил настан, според информациите возрасни навивачи влегле на терен и ги нападнале малолетните фудбалери на ФК „Брегалница“. Двајца малолетници биле тешко повредени, а еден возрасен човек е лишен од слобода
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костова со осуда на инцидентот во Штип:…
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, најостро го…
Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски…
Четирите години на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески и…
Русија и Украина разменија по 146 заробеници
Русија и Украина денеска разменија по 146…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа…
Фејсбук пост на СДСМ Претседателот Филипче: ВМРО-ДПМНЕ…
Лишен од слобода 43 годишен родител на…
Министерството за внатрешни работи информира дека е…