Русија и Украина разменија по 146 заробеници

t

Русија и Украина денеска разменија по 146 воени затвореници, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Денеска, 24 август, 146 руски војници се вратија од територијата контролирана од режимот во Киев – соопшти министерството на Телеграм, додавајќи дека „146 украински воени затвореници беа предадени во замена“, благодарение на посредничките напори на Обединетите Арапски Емирати.

Осум жители на рускиот пограничен регион Курск, кои нелегално беа држени од Украина, исто така беа предадени на Русија, наведува министерството.

Размената на заробеници и тела на загинати војници е една од малкуте преостанати области за кои има соработка меѓу Москва и Киев. Двете завојувани страни разменија илјадници затвореници оваа година, во согласност со договорите постигнати за време на три рунди разговори во Истанбул од мај до јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за…

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за…

Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија Тујнкамер…

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни…

Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…

Српската полиција соопшти дека е уапсен таткото…

Родителите на загинатите во Пулс: Не бараме…

На денешното рочиште, од седум најавени сведоци…

Тошковски на средба со новата британска амбасадорка:…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…