Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

t

Фејсбук пост на СДСМ

Претседателот Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите.

🎙️ Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за Телма посочи дека власта свесно ги отвора вратите за изборни неправилности, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ губи голем број гласови.

„Сметам дека тоа е намерно. Сметам дека во услови кога е сѐ поочигледно и повеќе извори, повеќе анкети, повеќе анализи ни покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ губи огромен број на гласови, над 100 илјади, некаде околу 120 илјади гласови, посегаат по инструменти коишто сериозно можат да го загрозат изборниот процес, аспектот на демократијата во целокупниот процес“, рече Филипче.

Според него, изјавата на премиерот Христијан Мицкоски според која и година дена по формирањето на новата влада за главни виновници во државата се посочуваат СДСМ и ДУИ ја покажува целата неспособност на владата.

„Ја слушнав изјавата на премиерот и жалам што слушнав таква изјава. Сметам дека е тоа резултат на една целосна неспособност и немање капацитет да се менаџира и да се води држава”, вели Филипче.

Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина делот од Изборниот законик за процентот на потребни потписи за да се кандидираат независните листи, власта чекаше до последниот момент и даде предлог-закон откако изборите беа распишани. Необезбедувањето на партнерите од ВЛЕН да ги поддржат измените на Изборниот законик, пак, според Филипче е целосна одговорност на премиерот и коалицијата.

„Сметам дека целосно одговорен за оваа работа е премиерот и владеачката коалиција. За жал отвораат можност да се злоупотребат изборите и тоа да им оди во нивна корист, да ловат во матно, поради тоа што очигледно е дека губат огромен број на гласови“, изјави Филипче.

Претседателот Филипче најави дека тој и СДСМ будно ќе ги следат сите тактики и инструменти со кои се служи власта, а кои сериозно можат да го загрозат демократскиот изборен процес и соодветно ќе реагираат на злоупотреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…