Костовски: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

t

ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Се виде, се покажа, Христијан Мицкоски се што кажа излажа. Нели единствен услов му беше ДУИ да не биде дел од Владата? Нели велеше дека прифаќа се само Влада без ДУИ не прифаќа? ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Министрите на ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери вели пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

– Сега пишман аџијата Мицкоски нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови од ДПМНЕ зошто ги лажеше? Зошто ја проблематизираше техничката Влада? Зошто ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа? Како сега одеднаш може во Влада со ДУИ? Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните туку фотелјите, власта, и ништо друго. На Христијан Мицкоски не може да му се верува, рече Костовски на прес конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…