Костов: Грците уништуваат историски документи, Бугарите ги крадат од Македонија и ги фалсификуваат па ги покажуваат – Гоце Делчев никогаш не кажал дека е Бугарин!
Македонците во Кукуш во времето на Делчев имале преклопување на идентитет, бугарски и македонски идентитет, вели во гостување на “Само вистина” бугарскиот професор на Универзитетот во Синсинати САД, Иван Динев Иванов.
На ова Сотир Костов одговара:
– Тероризмот е дело на ВМРО и нејзините соработници, на Гемиџиите, па после можете да зборувате Ирците прифатиле, Шпанците и било кои. Јас не бегам од тоа дека Македонците борејќи се против султанот прибегнале кон тероризам.
Го спомна идентитетот, не се преклопува идентитетот.
Кога македонските жители во географските граници и етнографски граници, се бореле против елинизација против патријаршијата, на почетокот биле заедно со Бугарија, бидејќи е створена егзархијата Бугарите го наметнуваат тоа на макеоднскиот народ. Тоа е историска вистина и прифати го тоа тоа е историска вистина, ние сме жива аксиома, јас тука не докажувам дека сум Македонец, нине не сме хипотеза туку жива аксиома.
Нека докажат Бугарите дека се Македонци, ама тешко.
Зошто твоите сограѓани после 150 години сега ни се мешаат во идентитетот, јазикот? – прашува Костов кој додава дека ниту Никола Петров Русински, Јане Сандански, Петар Поп Арсов не кажале дека Делчев е Бугарин.
– Грците уништуваат историски документи, кај Бугарите има друга појава, ги крадат од Македонија и ги фалсификуваат па ги покажуваат еве што кажал Гоце, што кажал Сотир, вели Костов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…