Костов до Митрев: Не може да колите и бecите Македонци, а да не се извините
Аналитичарот Сотир Костов, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, зборувајќи за вметнувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија, нагласи дека прво треба да заслужат да бидат дел од највисокиот правен акт во земјата. Тој од соговорникот Добре Митре побара официјално извинување за сите ѕверства и злосторства кои Бугарите ги извршиле врз Македонците.
„Може да бидете дел од Уставот, ама треба да покажете: политичка култура, домашно воспитување, и прво ќе изразите жалење за ѕверствата на 12те ваташки младинци, за два пати палењето на Радња, Странашево, ѕверски клани Македонци од бугарскиот фашизам. Не може вие да колите, бесите, палите, и да не се извините. Ќе искажете вака: Ние жалиме за нашите претходици што направиле, ние се извинуваме за тоа“, дециден беше Костов.
Костов изјави дека тој ќе биде најголем борец за правата на Бугарите, доколку бугарската врхушка се извини, како што се извинија и другите фашистички сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…