Костов со Колумна го одбележа крајот на кapиерата на Димитров: Драги мои, не е тоа патриотизам, тоа е чисто мизерно лицемерие

t

Ова е прикаска за големиот манипулатор, кој конечно сфати дека е изманипулиран и отфрлен.

Нечестивиот ги испорача фактурите, ама и дојде по нивна наплата. Беше доволна само една прес конференција на разочаран, а во суштина еднократно искористен, министер и потпретседател на Владата, и на дело да ги видиме сите црнила на/во Македонија, како панично реагираат и едни со други се навредуваат, негираат и понижуваат. Тоа ти е, маските паѓаат кога најмалку очекуваш. Ај што паѓаат, ама и сурово разобличуваат. Ни криви ни должни, сведоци сме на невиден раскол во редовите на власта. Некој ќе рече чудо не видено: Никола Димитров “Европското лице на македонската надворешна политика“ распали по Владата на Република Македонија, по Бујар Османи, по премиерот во оставка – Зоран Заев, а богами и по премиерот во најава – Димитар Ковачевски. И толку требаше. На големо промовираното единство, море и големата монолитност во Владата, се распаднаа како меурчиња од сапуница, со големи шанси да прерасне во Холивудска сапуница.
Така почнаа паничните реагирања: Кабинетот на премиерот во оставка порача дека Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија. На тоа Димитров однапред кажа дека е ветар и магла, а богами и гола вода. Ковачевски, разочаран од разочараниот Димитров, лицитира: Маричиќ ќе бил подобар евроинтегративец од Димитров(Веќе го жалам премиерот во најава. Маричиќ сега-за-сега е една голема утка на Заев, а еве предвидувам дека ќе биде и големо промашување и на почитуваниот Ковачевски).

Замислете, Бујар Османи бил подготвен на решение со Бугарија по секоја цена. Прашувам, за што беше подготвен Зоран Заев кога срамно се откажа од името на нашата Татковина. За која цена на Грција и поклони име македонско и антички македонски период? А што мислеше, сега “големиот патриот“ Димитров, кога го потпишуваше договорот во Нивице? Па, бедници ни едни знаете ли дека поради вашата неумност и неукост ние веќе ја плативме најголемата цена – ни го шитнавте исконското име Македонија, сосе историјата на Античка Македонија.
И сега замислете, сето ова од Димитров, за Бранко Тричковски е големо разочарување. И тоа не е се! Го дочекавме и долго очекуваното Чомојављение. Дели јавни лекции, море морализира и мува не го лази. После долгото отсуство од јавноста поради зафатеноста од “големи сипаници“ од посебен вид “Боки 13 изи/фаст/дрти мани“, на големо фалениот од него Димитров повторно го сместува “во старото јадро на ВМРО-ДПМНЕ“. Сакајќи со еден куршум да отепа две муви(доскора милиот-му- Димитров и одамна “озлогласеното“ му ВМРО-ДПМНЕ), без да е свесен самиот митари од медиумски нарикач-капиталец во медиумска смрдливка, која немаш потреба да ја таманеш – таа самата се ништи, така што голта се што до вчера бљувала.

Сите заедно до еден ми личат на политички пубертетлии, кои прават бек ту фјучр и како мали деца се караат за играчката. Добро, на деца и им личи да се караат за играчка, ама жално е што во случајот “играчката“ е Република Македонија. Мојата, нашата Татковина на која пред некоја година срамно, насилно и на криминален начин и го сменија вековното име. А сега демек се расправаат кој е поголем патриот во поглед на зачувувањето на идентитетот, јазикот и историјата на Македонија. Бог да те чува. Да се чудиш, да не можеш да се начудиш. Драги мои, не е тоа патриотизам. Напротив, тоа е чисто мизерно лицемерие.

Добро, можеби навистина меѓународната го преферилала Димитров, ама Заев одлучил дека рокот на употреба му поминал. Во што е тука поентата? Не е до разликата во ставовите(на Димитров и останатата одродничка багра). Боли чувството дека си искористен како крпа за еднократна употреба. Тоа е моментот кога големиот манипулатор конечно сфати дека неповратно е изманипулиран. Е тоа зачукување до балчак, во политиката боли и кога не боли.

Ми преостанува, манипулаторот да го тешам со репликата: “Извини Пиги, ама морално беше“.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласање или специјална операцијa

Ете, гласавме против СДС корумпирано и распаднато…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Бугарски бесрамности и македонски ќор-сокаци: Политичари аматери…

БУГАРСКИ БЕСРАМНОСТИ И МАКЕДОНСКИ ЌОР - СОКАЦИ…

Никовски: Украина носи несогледливи последици за сите…

УКРАИНА НОСИ НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СИТЕ Се…

Трифун Костовски: Институциите не ги штитат граѓаните…

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО…