Кос: Црна Гора и Албанија со најголем напредок во евроинтеграциите
Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок во процесот на интеграција во ЕУ во споредба со другите земји во регионот, рече еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Словенечката радио телевизија и нагласи дека двете земји очекуваат за кратко време да ги завршат преговорите.
„Две земји од Западен Балкан се во првите редови во процесот на пристапување во ЕУ. Црна Гора е рангирана на прво место, земја со која преговорите би можеле да бидат завршени до крајот на 2026 година. Албанија е на второто место и верувам дека може да ја помине финишот за затворање на преговорите до крајот на 2027 година“, рече таа.
Во однос на членството, според Кос, одлуката на земјите од Унијата ќе биде таа што ќе ги одреди проширувањата, но таа додава дека е оптимист.
„Конечната одлука ќе ја донесат земјите-членки на ЕУ. Свесна сум за извонредната важност на комуникацијата, бидејќи не можам да замислам дека по завршувањето на сите преговори, земјата-членка ќе каже не, ние не ја сакаме таа земја во Европската унија, па затоа сум оптимист за двете авангардни земји, Албанија и Црна Гора“, нагласи Кос.
Покрај Албанија и Црна Гора, еврокомесарката го коментираше и процесот на Србија. Според неа, на Белград ќе му се отвори патот за понатамошен напредок во Унијата откако ќе преземе суштински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Проди: Ако АфД ја преземе власта во…
Поранешниот италијански премиер и претседател на Европската…
Од 2.800 до 6.300 евра годишно се…
Доаѓањето на бебето повеќето родители го опишуваат…