Кочани: Сеуште нема одговор до родителите за прекршувањето на мерките за претпазливост од Ратко Димитровски

t

Поминаа две недели откако родителите на загинатите од дискотеката Пулс поднесоа Барање до Кривичниот суд и обвинителството за определување на построги мерки на претпазливост за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, еден од 34-та обвинети за пожарот во дискотеката Пулс, бидејќи, како што велат, постоечките ги прекршил со средбата во кафеана со кандидатот за градоначалник на Кочани од ВМРО ДПМНЕ, Владко Грозданов, кој во предметот е во својство на оштетен како татко на дете со тешки телесни повреди од пожарот.

Обвинетиот Ратко Димитровски има активна мерка „Забрана за приближување или воспоставување на контакт со лице кое се јавува во својство на оштетен“.

Како што информираат родителите за Канал 77, одговор од Обвинителството и судот сеуште немаат.

viber slika
Пред две недели, на 18 октомври, додека минуваше протестниот марш за ангелите покрај кафеаната, а Димитровски и Грозданов беа седнати на маса до стаклото на објектот, учесниците на протестот тоа го сфатија како провокација, па триесетина луѓе влегоа внатре и вербално се конфронтираа со Димитровски и Грозданов, по што Грозданов се повлече во помошна просторија на објектот, а Димитровски се соочи со родителите до пристигнување на полициски службеници, по што со полициска асистенција беше затворен ходникот по кој Димитровски замина од објектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочани: Сеуште нема одговор до родителите за…

Поминаа две недели откако родителите на загинатите…

Вучиќ: Мојата вистинска желба е утрешниот ден…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика…

Алкалоид земал речиси 6 милиони евра тендери…

Клиниките чии директори го фалат кандидатот на…

Дали е на повидок нова енергетска криза?!Бугарија…

Парламентот ан Бугарија денеска го усвои предлогот…

Мециновиќ: Дојде времето на одлука и конечен…

„По првиот круг системот прокрваре. Во вториот…