Кочани: Сеуште нема одговор до родителите за прекршувањето на мерките за претпазливост од Ратко Димитровски

t

Поминаа две недели откако родителите на загинатите од дискотеката Пулс поднесоа Барање до Кривичниот суд и обвинителството за определување на построги мерки на претпазливост за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, еден од 34-та обвинети за пожарот во дискотеката Пулс, бидејќи, како што велат, постоечките ги прекршил со средбата во кафеана со кандидатот за градоначалник на Кочани од ВМРО ДПМНЕ, Владко Грозданов, кој во предметот е во својство на оштетен како татко на дете со тешки телесни повреди од пожарот.

Обвинетиот Ратко Димитровски има активна мерка „Забрана за приближување или воспоставување на контакт со лице кое се јавува во својство на оштетен“.

Како што информираат родителите за Канал 77, одговор од Обвинителството и судот сеуште немаат.

viber slika
Пред две недели, на 18 октомври, додека минуваше протестниот марш за ангелите покрај кафеаната, а Димитровски и Грозданов беа седнати на маса до стаклото на објектот, учесниците на протестот тоа го сфатија како провокација, па триесетина луѓе влегоа внатре и вербално се конфронтираа со Димитровски и Грозданов, по што Грозданов се повлече во помошна просторија на објектот, а Димитровски се соочи со родителите до пристигнување на полициски службеници, по што со полициска асистенција беше затворен ходникот по кој Димитровски замина од објектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…

Расте бројот на заболени од грип, Тетово…

Бројот на заболени од грип и заболувања…

Масакр во западна Турција, непознато лице уби…

Турската полиција трага по маж кој денеска…

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…

Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…

Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште

МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…