Кочанската болница без греење среде зима!
Во контекс на енергетската криза и справувањето со истата ,за тоа како секторите образование и здравство во прв ред ке бидат иземени од мерките на стедење ,односно нема штедење на деца и на болни.
Деновиве во медиумите беше актуелен проблемот со греењето во здравствените установи. Прво инфективното одделение, Велес потоа, општа болница Прилеп која беше без греење заради дефект на главната цевка.
Па за да ја продолжиме сагата ке ја споменеме и ОБ во Кочни во која грејната сезона воопшто не ни започна, дури и на крајот на месец ноември радијаторите се сеуште ладни , во ладните и темни болницки ходници,ладни болницки соби мерките на штедење се на максимум на сметка на здравјето на болните и на медицинскиот персонал.
Да биде иронијата поголема дел од болницките одделенија немаат опција Б за греење бидејки голем дел немаат клима уреди а тие што ги имаат се нефункционални и немаат друг вид на грејни тела.
И не е само греењето ,листата на што се нема во болницата мож да оди во бескрај- први на списокот се лекарите специјалисти,нема лекари на итна помош, нема сестри, болничари, хигиеничари, нема лекови.
Веројатно на на директорот на болницата Александар Серафимов не му смета студот во болницата оти неговата соба е топла, очигледно е дека нему не му пречи што болницата нема дежурен интернист, ниту дежурен гинеколог до пред една недела ни дежурен педијатар бидејки тој штеди на здравјето на 120000 жители.
До пред некоја гог недостатокот на лекари се решаваше со договори со лекари од други болници(хирурзи,ортопеди,интернисти,уролози…) во моментот сегашниот директор штеди и на договорите па нема склучен договор со ниту еден лекар од друга институција за да го реши недостатокот на лекари.
Ако продолжи недомаќинското работење на кочанскиот директор не само пациентите туку и персоналот од болницата ке биде принуден да бара нормални услови за работа во други здравствени установи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…