Кочински: Ќе биде прогласена епидемија на заразна болест на подрачјето на Гостивар

t

Надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар, соопштија од Министерството за здравство. Поради енормниот прилив на пациенти во краток временски период, состојбата официјално се третира како активен епидемиски настан, а Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Тетово денеска ќе донесе соодветна одлука за прогласување епидемија на ова подрачје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

Д-р Драган Кочински, раководител на одделот “Епидемиологија на заразни заболувања” при Институтот за јавно здравје во изјава за медиумите рече дека денеска ќе биде донесена одлука за прогласување епидемија на подрачјето на Гостивар.

„Се забележува зголемување на стапката на заболени лица, надминат е прагот на неделно ниво. Треба да се земе во предвдид дека за да се пријави епидемија треба да има пријави за заразна болест доставени до епидемиолошката служба. Во текот на денешниот ден ќе биде донесена одлука за пријавување на епидемија на заразна болест, она што дополнително би се добило преку пријавување е подобра комуникација на сите надлежни нституции.

Апелирам населението да соработува со луѓето кои им се јавуваат за анкетирање и да ги слушаат здравствените работници за давање на примероци за испитување“, рече Кочински.

ИЈЗ излезе со забрана за водата за пиење и на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките се додека водата е забранета.

„Досегашните епидемиолошки анкети покажаа дека нема некоја меѓусебна поврзаност, она што е заедничко за сите, користеле сите вода за пиење, некои флаширана вода… Немаме се уште индиции да направиме просторно поврзување на случаите. Тоа треба да се дополнително анализира.

12 мостри се земени досега од пациенти. По добивање на барање на ОЈО, ИЈЗ веднаш излезе на терен и зема примероци за микробилошко и физичко-хемиски анализи на вода. Со цел анализата да биде стручна и навремена, стручњаци викендов ги анализираат податоците и утре ќе бидат доставени резултатите до Основното јавно обвинителство“, додаде Кочински.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочински: Ќе биде прогласена епидемија на заразна…

Надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење…

350 лежалки кои биле украдени пред две…

350 лежалки кои пред две години биле…

Во Гостивар за едно деноноќие над 350…

Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени…

Два активни и еден под контрола: Состојба…

На ден 19.07.2026 година, до 13:00 часот,…

Нови автобуси на водород ќе сообраќаат низ…

Рим во наредните години ќе добие 30…