Кошаркарите на Работнички стапија во штрајк – ако не ни платите нема да играме!

t

Екипата на Работнички игра одлично во последно време и се наоѓа во серија од шест победи, но и покрај тоа атмосферата во клубот е лоша и тоа поради финансиските проблеми со кои центарци се соочуваат во последно време, а кои се закануваат да кулминираат пред завршниот турнир од Купот на Македонија.

Кошаркарите на црвено-белите денеска испратија писмо до јавноста преку кое обелоденија дека почнаа да штрајкуваат и дека нема да играат се додена не им бидат исплатени долгувањата.

„Во штрајкот се вклучени играчите, тренерите и сите вработени во Работнички кои предолго чекаа на своите пари. Екипата нема да биде во тренажен процес, а на играчите им се должат по 2-3 плати (во зависност од тоа кој кога дојде во клубот) од тековната сезона.

Револтирани сме и од негрижата за тимот бидејќи исто така поради неисплатени плати, во главниот дел од сезоната останавме без кондициски тренер откако си замина Кристијан Кајчевски. Сметаме дека заслуживме подобар однос со досегашните резултати затоа што екипата се наоѓа во серија од шест победи, остваривме триумфи против некои од најголемите ривали за титулата, го победивме МЗТ Скопје првпат по три години и се доближивме дури и до првото место на табелата. Освен тоа, направивме хемија во тимот, гинеме сите за еден и тоа се чувствува во секој сегмент од нашето функционирање.

Ако не бидеме исплатени, екипата нема да отпатува на претстојниот натпревар против Еуро Никел, во следното коло од домашното првенство, без оглед на сите консеквенци со кои би се соочиле како клуб“, се вели во соопштението од кошаркарите и тренерите на Работнички.

Предводниците на 15-кратниот шампион имаат време до недела, за кога е закажано гостувањето во Кавадарци, да најдат пари и да исплатат барем една плата или во спротивно ќе се соочат со службен пораз, секако ако играчите и тренерите останат доследни на пишаното во денешното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон наводно го крие извештајот за убиството…

Американскиот Пентагон се соочува со сериозни обвинувања…

Дизелот под силен ценовен притисок: Намалените резерви…

Високите цени на дизелот предупредуваат на проблем…

Црното море станува се поопасно за трговските…

Нападите со дронови врз трговски бродови во…

Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…

Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…

Булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, Ѓорѓиевски:…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…