Објавено на:

Кошаркар на Вардар ќе учествува во реално шоу кое не смее да се емитува пред полноќ!

t

Кошаркарот на Вардар, Милорад Миновски, кој е еден од најдобриte македонски баскеташи во „3Х3“ ќе биде учесник во шестото издание од српското реално шоу „Задруга“, пишуваат медиумите од северното соседство.

Тој нема некои посебни кошаркарски остварувања, но во моментов е четврти по квалитет баскеташ во Македонија и тоа според официјалната ранг-листа на ФИБА. Миновски во јавноста е познат и како поранешен свршеник на некогашната ѕвезда на ЖРК Вардар, Алисон Пино, а извесен период беше во врска и со француската ракометна репрезентативка, Калидиату Ниакате.

Србите го претставуваат како проблематичен, со проблеми со законот, што самиот го демантира, иако потврдува дека поради улична кавга неодамна автомобилот му бил кренат во воздух и тоа пред неговата зграда. Тој во „Задруга“ ќе има сличен на себе, барем според физичкиот изглед и тоа Кристијан Голубовиќ, кој е познат како силно момче со многу тетоважи на телото.

Миновски ќе биде втор македонски кошаркар во ова реално шоу, кое во Србија не смее да се емитува пред полноќ и има рејтинг (за дозволената возраст за гледање) идентичен на порно филмовите, по Дарко Спејко, кој имаше куса второлигашка кариера, а во изминативе две години работи како тренер во младинските репрезентации на Македонија.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…