Кошта до македонските граѓани: Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ веќе многу години – време е да се направи чекор напред
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија.
-Почитувани граѓани на Северна Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат – моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба и соработка наместо конфликт. Одлучија да изградат иднина заснована на мир, слобода и просперитет врз пепелта од Втората светска војна, наведува Кошта во пораката.
Тој изразува уверување дека иднината на земјава е во ЕУ.
-Веруваме дека вашата иднина е во Европската Унија. Се вложува огромен труд за таа визија да стане реалност. Вашата земја е кандидат за членство во Европската Унија веќе многу години. Време е да се направи чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина. Да живее Европа, наведува Кошта во видео обраќањето до македонските граѓани по повод Денот на Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Фон дер Лајен „згрозена“ од погребот на…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…