Која е Марта Кос, новата комесарка за проширување: Има 22.000 евра месечна плата, мораше да докажува дека не соработувала со тајните служби во Југославија
Марта Кос е нова комесарка за проширување. Доаѓа на местото на Оливер Вархеји кој нема да биде запаметен по ништо, освен како обичен бриселски бирократ. Словенката Кос уште неседната на функцијата го навлече гневот на македонските граѓани. Таа во првата изјава по назначувањето побара од Македонија да ги донесе уставните измени за работата конечно да тргнела.
На прашањето дали може да гарантира дека после тоа Бугарија нема да има нови услови, Кос рече дека не може да даде такви услови.
Нашата претседателка Силјановска Давкова однесувањето на новата комесарка го нарече мешање во внатрешните работи на Македонија.
Која е Марта Кос
Кос е поранешна амбасадорка на Словенија во Германија.Членка е на партијата „Движење за слобода“ и има 59 година, мажена со Хенри Гетаз, без деца.
Според податоците од Европската комисија таа ќе има 22.000 евра месечна плата. Таа беше споменувана дека во минатото во својата Словенија соработувала со тајните служби за да напредува во кариерата но таа тоа го демантираше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…