Кој го демолираше градскиот парк? Искршени клупи фрлени во езерце
Три клупи во првиот дел од Градскиот парк во Скопје се искршени, а потоа фрлени во езерцето. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера ги нашле клупите во водата кога вршеле контрола и чистење на паркот.
„Изминатиот сончев викенд ја зголеми посетеноста во Градскиот парк, што придонесе нашите екипи да соберат еден полн камион со отпадоци кои посетителите ги оставија зад себе. Како ова да не беше доволно, па наидовме на три фрлени клупи во езерцето во првиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме“, велат од „Паркови и зеленило.
Нивните екипи во вториот дел на паркот затекнале превртена мобилна тоалетна кабина. Од претпријатието апелираат да не се фрла ѓубре и совесно да се користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите, како и на грижа за природата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје без ниту една дискотека што ќе…
Скопје нема да има ниту една дискотека/кабаре…
Кос доаѓа во Скопје на средба со…
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос ќе се…
Кривична пријава против 16-годишно момче од Скопје:…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник…
Арсовска за Николоски: Пренесете му на неписмениов…
Ќе му пише ли некој на неписмениов…
Дезинсекција против комарци, од сабота до четврток…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…