Кој го мести Самка: Се шири пост со лажни вести за претседателот на ПЦЕР

t

Самка Ибраимовскипретседател на политичката партија ПЦЕР обвини на социјалните мрежи дека некој го мести со лажни вести.

Во изминатиов период тој е познат по афоризмите кои ги споделува на социјалните мрежи, а се најде на мета на креаторите на лажни вести со пост поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

На Фејсбук се шири пост кој не го напишал Ибраимовски во кој стои: „Господинот Рашковски ја кажува вистината, ние исто за сунет така собираме пари“.

-Почитувани пријатели постот објавен за Рашковски не е мој, некој сака да ме дискредитира, ВМР за вакви жани објави да реагира, пишува Ибраимовски.

Ибраимовски дипломирал на факултетот за менаџмент во Нови Сад, а во периодот 2011–2014 бил пратеник во Собранието на Република Македонија.По парламентарните избори во 2016 тој стана министер без ресор во владата на Зоран Заев. Во декември 2017 година Ибраимовски поднел оставка од функцијата, по што стана заменик директор на јавното претпријатие Македонија пат.

Драги Рашковски се гони дека ја злоупотребил службената положба и перел пари или со зборови на обвинителството се вмешал во 4 јавни набавки околу техничката спецификација, давал хонорари на блиски луѓе и отплаќал кредити.

Го зголемил својот имот, но и имотот на своите две малолетни деца. Иако се одложи првото рочиште, Рашковски пред медиумите се огради дека парите, нивата, плацот и готовината се негови пред да стане функционер, а на децата им штедел подароци од прославите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашо Тасевски ја пофали полицијата: Цело време…

Пишува Сашо Тасевски на Фејсбук: Ајде откри…

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе 5 дена…

Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до…

ЛУЃЕТО ВО ГАЗА МОЛАТ ЗА ЛЕБ: Половина…

Заменик-директорот на Светската програма за храна на…

(Фото) И Раде Штекли си замина од…

Раде Трајковски – Штекли кој преживеа два…

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: После Турција, Палевски сакал да пребега…

Првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо моментално се наоѓа…