Кој го праша? Според Еди Рама, Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека смета оти Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав.
Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), тој истакна дека нема причина за несогласувања околу ова прашање, бидејќи внесувањето на бугарското малцинство произлегува од договорот меѓу Скопје и Софија, постигнат со француско посредништво.
Новинарот го праша Рама дали и сега постои причина за несогласување со бугарското раководство, со оглед на тоа што пред три години изјавил дека не се согласува целосно со Софија.
Тој одговори дека тогаш околностите биле поинакви и дека сега нема причина за спор.
„Не. Не, бидејќи тогаш, како што се сеќавате, стануваше збор за ситуацијата пред таканаречениот договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, постигнат со француско посредништво. Сметам дека сега нема причина за несогласување, бидејќи потребата бугарското малцинство да биде внесено во Уставот на Северна Македонија е сосема јасна. Тоа произлезе од договорот меѓу двете земји“, рече Рама.
Интервјуто се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Албанија, каде што речиси шест месеци траат протестите против владата на Рама.
Таканаречената „фламинго револуција“ започна како реакција на инвестициски проект поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, а подоцна прерасна во протести на кои се бара оставка од премиерот.
Демонстрациите продолжуваат и натаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…