„Кој е следен?“ – Марш за правда, безбедност и живот

t

Попладнево, булеварот „Партизански одреди“ нема да биде само улица. Ќе биде место за канализирање на гневот, револтот, но и надежта за подобро општество и подобар систем. Повозрасните, предводени од помладите, сите заедно со почеток во 17 часот ќе одржат протест пред Универзална сала. Маршот под паролата „Секој еден може да е следен?“ не е обичен протест – тоа е повик за будење и порака дека никој не смее да биде следниот. Овој протест не е само за Кулавкова. Тој е за секој млад живот што згаснал прерано, за секоја празна клупа во училиште, за секој родител што останал без своето дете поради нечие невнимание. Организаторите на протестот бараат закон што ќе важи за сите.

„Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт.

Три главни проблеми:

Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот;

Недоволна безбедност во градовите;

Глорификација на девијантно однесување.

Фросина Кулакова имаше само 22 години. Таа не е прва што го загуби животот на улиците на овој град, низ кои во годините како да се гине на бојно поле. Но, мора да биде последна, велат организаторите на протестот. Кои сметаат дека ова веќе не се нарекува несреќен случај. Туку е последица на нефункционален систем, на непочитување правила, на неказнивост. Тие оценуваат дека ова е град во кој црвеното светло е само препорака, лежечките полицајци исчезнуваат, а сообраќајната култура ја нема.

„Институциите не настапуваат координирано за идентификување на децата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност“ изјавија организатори на протестен марш „Кој е следен?“

Лошата инфраструктура ја долови и камерата на Телма која регистрираше уништени лежечки полицајци, семафори кои постојано се исклучуваат, само два мерачи на моментална брзина, и недоволно сообраќајни знаци. Безбеден град е ветување за кое сведочат поставените камери, кои сè уште не снимаат. Вечерашниот марш ќе започне пред Универзална сала, преку Собранието, Основното јавно обвинителство и ќе заврши пред Кривичниот суд. Во петокот се одржа првиот протестен марш на кој учествуваа стотици граѓани кои побараа правда за трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова која пред четири дена беше прегазена на булеварот „Партизански Одреди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…