„Кој е следен?“ на 29 март пред Собрание: Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме, бидејќи имаме што да кажеме

Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота на 29 март организира нов протест, кој ќе се одржи пред Собранието. Во најавата, од граѓанското движење ги повикуваат оние кои ќе присуствуваат да си понесат и столче.
– Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее – велат од „Кој е следен?“.
Собирот пред Собранието, како што велат тие, е поради тоа што имаат барања што не може да чекаат и затоа што демократијата не оди на одмор.
Настанот ќе биде поделен во два дела:
1. Презентирање на барањата, во првиот дел „Кој е следен?“ ќе ги презентира своите барања во целост;
2. Микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.
– Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор. Се гледаме пред Собрание. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш — подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик! – порачаа од граѓанското движење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Кој е следен?“ на 29 март пред…
Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Општа тепачка меѓу припадници на приватно обезбедување…
Се одржува седница на Собранието на град…
10 МИЛИОНИ за авиобилети ќе троши Собранието…
Собранието ќе потроши 10 милиони денари за…
(Цел список на трошаџиите) А да го…
Вкупно 18 милиони 671 илјада 591 денар…