„Кој е следен?“ на 29 март пред Собрание: Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме, бидејќи имаме што да кажеме

t

Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота на 29 март организира нов протест, кој ќе се одржи пред Собранието. Во најавата, од граѓанското движење ги повикуваат оние кои ќе присуствуваат да си понесат и столче.

– Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее – велат од „Кој е следен?“.

Собирот пред Собранието, како што велат тие, е поради тоа што имаат барања што не може да чекаат и затоа што демократијата не оди на одмор.

Настанот ќе биде поделен во два дела:

1. Презентирање на барањата, во првиот дел „Кој е следен?“ ќе ги презентира своите барања во целост;

2. Микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.

– Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор. Се гледаме пред Собрание. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш — подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик! – порачаа од граѓанското движење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши одморот за пратениците

Со одржувањето на денешната Работна сесија на…

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…