Кој лаже? Шојгу: Не сме испукале толку ракети колку што Украина тврди дека собрува секој ден
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави за Спутник дека не се точни тврдењата на властите во Киев дека нивната противвоздушна одбрана наводно ги соборила „сите шест „Кинжали“ испукани над Киев во текот на изминатата ноќ.
„Сум кажал и претходно и ќе го повторам. Не сме лансирале толку „кинжали“ колку што тврдат дека соборуваат секој пат. Згора на тоа, бројот на тие украински пресретнувања е три пати поголем од она што го пукаме , да не зборуваме дека сепак е големо прашање кој навистина управува со американските системи таму. А со типот на ракети тие постојано грешат. Затоа не погодуваат“, рече Шојгу.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година го претстави новото руско хиперсонично оружје – системите „Авангард“ и „Кинжал“, а потоа беше објавено дека се работи на хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“.
Хиперсоничната ракета „Кинжал“ лета 10 пати побрзо од звукот и нема пандан во светот.
Станува збор за авионска ракета која може да носи и нуклеарни боеви глави.
Според Путин, „Кинжал“ е недостижна за системите за воздушна одбрана и противвоздушна одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…