Кој од кого да се плаши: Скопјанец му продал на мигрант, француска лична карта – го уапсиле на Табановце
Дваесет и деветгодишен државјанин на Камерун бил уапсен на Граничниот премин Табановце откако се обидел да ја напушти државата со туѓа француска лична карта, која била евидентирана како предмет на потрага од Интерпол.
Инцидентот се случил на 25 јануари 2026 година во 18:12 часот, при излез од Македонија. При редовна гранична контрола, полициските службеници забележале сомнеж во документите што ги приложил П.М.Ф.Б. (29). По проверката било утврдено дека француската лична карта не му припаѓа нему и дека се води како предмет по кој трага Интерпол.
Можеби ќе ве интересира
ГЕРМАНКА ФАТЕНА СО ПЕЧУРКИ НА ТАБАНОВЦЕ Полицијата откри…
плусинфо 20/01/2026
СОПРУЖНИЦИ СО „МЕРЦЕДЕС“ МУ ПОМОГНАЛЕ НА САИТ ДА СЕ СОКРИЕ…
плусинфо 17/01/2026
Дополнителните проверки покажале дека мажот бил регистриран во Прифатниот центар Визбегово. Тој пред полицијата изјавил дека спорната француска лична карта ја купил од лице од Скопје за сума од 1.000 евра.
По лишувањето од слобода, Камерунецот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…