Кој сака да го запали Балканот?! – Саботажа на Косово, оштетен објектот на „Електрокосмет“
Експлозивна направа е фрлена синоќа околу 23 часот врз објектот на дистрибутерот на електрична енергија, „Електрокосмет“ во Северна Митровица, при што е предизвикана само материјална штета и нема повредени лица, јави агенцијата Косова прес (КП).
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, извори на агенцијата информираат дека е целосно уништена една трафостаница и оштетени се неколку возила кои биле паркирани во близина на објектот.
– Постојат сомневања дека направата е фрлена намерно од едно или повеќе лица и е поврзано со договорот за енергетика постигнат меѓу Приштина и Белград пред неколку дена во Брисел. Како последица на експлозијата, најголемиот дел од градот остана без струја до раните утрински часови – велат изворите на КП.
Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и ја продолжува истрагата, а покренато е и обвинение за три кривични дела во врска со инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…
По серијата пожари, Франција се соочи со…
Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…
Отпочната реконструкцијата на патот Добри Дол –…
Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска…
Божиновска: Сонцето станува еден од главните столбови…
Македонија сè посилно го претвора својот сончев…
Социјални платформи да ги бришат видеата што…
„Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги…