Кој сака нека честита: Почна враќањето на оградата околу објектот на Владата
Пет дена откако на владина седница беше донесена одлука за враќање на кованата ограда пред Владата, почна поставувањето на оградата околу објектот.
Првиот човек на службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски на фејсбук информираше дека оградата била репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување.
Вратите на владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција, вели Томовски. Како причина за враќањето на оградата од владата го наведоа фактот дека старата ограда била нефункционална и нерепрезентативна. Оградата беше поставена во 2015 кога објектот доби барокна фасада, а чинеше околу 700.000 евра. Истата беше отстранета во 2019-та по доаѓањето на власт на тогашниот премиер Зоран Заев, кое беше и едно од предизборните ветувања на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…