Кој стигне краде: Приведени седуммина крадци во Штип

t

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 16 кривични дела „тешка кражба“ од куќи, возила, градежен објект, продавница и од лабараторија во Клиничката болница Штип, извршени на територија на град Штип при крајот на минатата и почетокот на годинава.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Н.И.(23), Е.Ј.(18), С.Н.(31), А.М.(39), Н.М.(41) и двајца малолетници, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При претрес во Штип најдени се дрога…

МВР информира дека вчера во 16.40 часот…

Штипјанец преку мајката на затвореник организирал внесување…

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.К.(52)…

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени се…

Денеска (19.01.2024) во 00.30 часот во Штип,…