Кој чија судбина крои? Почна средбата на Рама со лидерите на албанските партии во Македонија

t

Вечерва околу 19 часот започна средбата на лидерите на политичките партии на Албанците од земјава со премиерот на Албанија, Еди Рама во Тирана.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пристигна во придружба на вицепремиерот Артан Груби, кој е главен фактор на сопнување меѓу Ахмети и „Огнената група“.

На средбата не се појави лидерот на БЕСА, Билал Касами кој одби да седне на иста маса со Ахмети. Тој најави дека наскоро ќе има тет-а-тет средба со Рама.

Партијата на Касами во нивното објаснување зошто нема да учествуваат на средбата рече дека средбата е за спас на оваа Влада во Македонија, што беше демантирано од СДСМ, но доколку е вистина претставува мешање на Рама во внатрешните работи на Македонија.

Дополнително, никој не открива детали за средбата, која според премиерот Ковачевски не е спорна, но тој не собра храброст да ги повика на средба Македонците од Пиринска и Егејска Македонија на официјална средба, или пак не гледа потреба од тоа.

Претходно Инфомакс пишуваше за можноста пет години по првата да ни се подготвува нова Тиранска платформа, во сличен временски период и со речиси истите луѓе како претходно, за што повеќе може да прочитате на линкот во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…