Кој што ќе ќари: Меџити генерален секретар, Беџети потпретседателско место во ДУИ?
По вчерашната средба во штабот на ДУИ во Мала Речица, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претставниците на „огнената група“ соопштија дека се договориле да се формира Централно претседателство, каде ќе се пресели внатрепартиската дебата, а членовите на Владата од редовите на ДУИ ќе даваат отчет пред ова тело.
Како што велат за „Фокус“ дел од учесниците на средбата, вчера дискусијата се водела конструктивно и воопшто не станало збор за кадровски решенија, туку ова прашање треба да се реши до средината на следниот месец, кога ќе се одржи седница на Генералниот совет, на која ќе се избере претседателство.
Меѓутоа, според неофицијални информации, уште по одржувањето на конгресот Ахмети им ветил две клучни партиски позиции на пратеникот и прв човек на чаирскиот огранок на ДУИ Изет Меџити и на градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, кои всушност се фронтмени на иницијативата за промени.
Високи партиски извори посочуваат дека договорот било Меџити да биде генерален секретар, а Беџети еден од неколкуте потпретседатели на партијата, меѓутоа тоа не се реализираше до денес, што е само една од причините за нивниот револт и незадоволство.
Во писмото кое неодамна огнената група го испрати до претседтаелот на Дуи, Ахемти и до јавноста, се бара смена на Артан Груби поради неговото “дилетантско однесување”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…