Кој ќе биде нов претседател на ЗНМ?!
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на денешното изборно собрание, кое се одржува во х.„Александар Палас“ во Скопје, треба да избере претседател за наредниот четиригодишен мандат, како и членови на органите и телата на Здружението.
За функцијата претседател се кандидирани тројца новинари, Младен Чадикоски, досегашниот претседател на ЗНМ, новинарката Филијана Кока и новинарот Марјан Николовски.
На Собранието присуствуваат 456 новинари и медиумски работници од вкупно 815 колку што се зачленети во Здружението, а до сега покрај изборот на комисиите за работа на комисијата присутните го усвоија извештајот за работата на ЗНМ и финансискиот извештај за 2022 година.
По усвојвувањето на записникот од претходното собрание се очекува да започне претставување на кандидатите за претседател на ЗНМ, а веднаш потоа со тајно гласање новинарите ќе одлучат кому ќе му ја дадат својата доверба за да го предводи ЗНМ во наредниот период
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…
Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…
Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…