Краделе ореви и бадеми во Кавадаречко: Двајца приведени, трет осомничен
Вчера во 13:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода С.Ј. (64) од село Марена и И.Б. (57) од село Мајден, кавадаречко.
Тие се сомничат дека од нива во место викано „Краиште“, кавадаречко, сопственост на правно лице, одзеле поголема количина ореви, информираа од МВР.
– Исто така, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со О.С. (59) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од нива, сопственост на правно лице во место викано „Белград“, кавадаречко, одзел бадеми. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…
Пожар во куќа во Карпош
Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…
Двајца возачи уапсени за безобѕирно управување: Едниот…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Еве како победи ДУИ во Брвеница: Полн…
Гласачи од дијаспората дошле со авион за…
Почина Самка Ибраимовски
Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за…