Објавено на:

Кралот потпиша: Британија ги праќа азилантите во Руанда

t

Британскиот крал Чарлс даде согласност за законите кои се клучни за планот на премиерот Риши Сунак да испрати баратели на азил во Руанда.

Кралската согласност е последната фаза во законодавниот процес и практично ја означува одлуката донесена од парламентот оваа недела да го одобри нацртот по долгата битка меѓу владата и противниците на планот.

Кралската согласност беше објавена денеска во Домот на лордовите, што значи дека Законот за безбедност (азил и имиграција) сега ќе стане закон.

Парламентот го усвои законот во вторникот во раните утрински часови. Сунак во понеделникот рече дека очекува првите летови за Руанда да се реализираат за 10 до 12 недели откако ќе биде усвоен законот. Законот предвидува секој барател на азил кој ќе пристигне во Велика Британија илегално да биде испратен во Руанда според шемата за која владата вели дека ќе го спречи преминувањето на Ламанш и ќе ја разбие сегашната шема на шверц на луѓе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…

Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…

На британската министерка за внатрешни работи Диана…