„Кралот“ (уште) е жив: Партизан прокоцка плус 15, Белград и вторпат ќе гори!
Реал Мадрид остана жив во четвртфиналната пресметка со Партизан, па преживеа еден пекол во „Штарк Арена“, откако вечерва успеа да победи со 82-80 и да намали на 1-2 во серијата со белградските црно-бели, откако Партизан успеа да прокоцка и плус 15 предност уште во првата четвртина.
Џинот од Зеленортските острови Валтер Тавареш беше незадржлив за четата на Жељко Обрадовиќ, откако даде 26 поени и имаше 11 скока, тотално доминирајќи во рекетот, а голема помош доби од Најџел Вилијамс-Гос, кој додаде 22 поени од кои 16 во второто полувреме за да донесат четврти меч, втор во Белград кој ќе биде уште попеколен во битката за пласман на фајнлфорот во Евролигата во Каунас (Литванија).
Партизан тргна брутално со 12-0, имаше и најголеми плус 15 пред крајот на првиот период кој на крај го доби со 32-19, но во вториот дел „кралевите“ брзо се вратија и на пауза заминаа само со три поени негатива, за во третиот период да направат комплетен пресврт и воглавно да бидат во предност.
Партизан во егал мечот дојде на 77-77 во последните 100 секунди, но Вилијамс-Гос со тројка на 24 секунди пред крајот практично го реши победникот и таа тројка реши сѐ на крајот.
Кај Партизан, Ледеј и Смаилагиќ дадоа по 15 поени и беа најефикасни, а Нанали додаде 13. Следниот четврти меч, повторно во Белград, ќе се игра задутре вечер.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…
Трамп не се противи Кина да произведува…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…
ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…
ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…
Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…
Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…