Кралот Чарлс пристигна во Северна Ирска, нацијата тагува по неговата мајка
Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во рамки на обиколката на четирите делови на Обединетото Кралство, предводејќи ја нацијата која тагува по својата почината кралица Елизабета Втора.
Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио.
Луѓето со часови во текот на ноќта чекаа во редици пред катедралата во Единбург за да се простат од кралицата, некои со заспани деца во нивните раце.
Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во шкотските висорамнини на 96-годишна возраст, по повеќе од седумдеценско владеење.
Предвидено е ковчегот со посмртните останки на кралицата вечерва да бидат префрлени во Лондон, каде наредните четири дена граѓаните ќе можат да се простат од кралицата Елизабета Втора. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија и Србија ќе ги поврзат гасоводите,…
Договорот за реализација на интерконекторскиот гасовод Македонија-Србија…
Од девојче кое живеело во дрвена куќа…
Доли Партон не беше само една од…
Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…
Дел од глечер на надморска височина од…
Пет активни пожари на отворено, три се…
На територија на државата денеска до 18…
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…