Крајевски од Левица: Одамна предупредивме, двојазичноста води до федерализација на Македонија

t

Кога уште пред 5 години беше најавен, а потоа и изгласан т.н. Закон за двојазичност, нашата критика беше принципиелно против, вели Јован Крајевски од Левица во објава на Фејсбук:

– јасната етно-трибалистичка сегрегација која произлегуваше од законот и евентуалната национална дезинтеграција и би-национализација (и конечно и федерализација на Републиката) која е убрзана од истиот

– запоставувањето на останатите етникуми во Републиката од страна на законот

– неуставноста на законот

– новонаметнатите материјални трошоци на државните институции (предочени и од Венецијанската комисија)

Во тие моменти, “националната” буржоазија молчеше бидејќи:

– горенаведените последици не ја засегаа

– беа кусогледи и не увидоа дека во иднина и тие ќе бидат материјално погодени од законот

Сега, кога производителите се обрзани да воведат двојазични амбалажи, “националната” буржоазија се “освестува” и реагира. Не затоа што нацијата и Републиката се загрозени, не затоа што меѓу-етничкиот соживот е загрозен (децата македончиња и децата албанчиња во државава се на пат доминантно да комуницираат на англиски во иднина, ако веќе и не го прават тоа), тука затоа што ќе имаат нови трошоци и ќе им се намалат профитите.

Ова воопшто не е изненадувачки, ако се земе предвид фактот дека буржоазијата во оваа држава ни историски не била државотворен елемент. Напротив, таа секогаш била предавничка и немала никако проблем своите интереси да ги остварува преку соседните држави и Западот (чиј што империјализам од корен ја разруши еднаш гордата работничка Социјалистичка Република Македонија и на нејзино место ја остави вазалната Република Северна Македонија).

Единствен државотворен елемент во Македонија е работничката класа. Работникот, без разлика на својата етничка припадност, со труд и пот ја направил оваа Република и ќе ја брани од сите закани за нејзиното постоење – бидејќи друго нешто не ни има. Буржоазијата, од друга страна, единствено ќе си го брани профитот.

Борбата на предавничката “национална” буржоазија секако дека ќе биде поддржана, но во ниту еден момент нема да создаваме илузии дека таа е искрена и дека ги интересира што било друго освен личниот профит, напиша Крајевски на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…