Крајната левица и десница во Европа бараат “да се раскрсти” со политиките на НАТО
Зголемувањето на цените носи голем ризик од социјални немири и потреси во општеството , покажува најновата анкета на Југов направена во Полска, Франција, Германија и Велика Британија, која ја објави Еурактив.
Дури 75 проценти од Полјаците стравуваат дека сиромаштијата во наредниов период ке ги извади лугето на улица. Немири, протести и активирање на движењата како што се Жолтите елеци очекуваат и 50 проценти од анкетираните во Британија и Франција.Во Чешка тоа е веке реалност.
На демонстрациите во Прага на кои вчера се собраа над 70 000 луге побараа од Владата да ги стави под контрола цените на енергијата и храната или да си поднесе оставка.
Организаторите од крајната левица и десница повикаа на воена неутралност и раскрстување со политиките на НАТО и ЕУ.
Незадоволство од владините економски и социјални политики е во пораст и во Полска.
Според истражувањето Полјаците најмногу ја обвинуваат за кризата сопствената Влада, Британците компаниите за електрична енергија и енергетски ресурси, додека пак Франција и Германија прстот го вперуваат во Русија, како најголем виновник за ситуацијата во која е доведена Европа.
Две третини од анкетираните во четирите европски земји сметаат дека нивните Влади не инвестираат доволно во обновливата енергија.
Дури 80 проценти од испитаниците бараат да се зголеми оданочувањето на профитот на енергетските компании во нивните земји.
Извор: Сител ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
Просечната европска пензија во 2022 година била…
Пензиите се главен извор на приход за…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…