Крај на драмата во Полска: Човекот кој се закануваше со бомба и се предаде на полицијата
Човек кој денеска се качи на споменик во центарот на Варшава и се закануваше дека ќе се разнесе, и се предал на полицијата, јавија локалните медиуми.
Полската полиција претходно го опколи и затвори плоштадот Пилсудски, каде што има споменик на жртвите од авионската несреќа кај Смоленск.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како маж се спушта од споменикот, ја соблекува јакната и ги крева рацете во воздух, пренесува Ројтерс.
Инцидентот со заканата со бомба се случи ден пред одржувањето на важните парламентарни избори во Полска.
Полицаецот кој бил на лице место одбил да дозволи пристап до репортерот на Ројтерс, велејќи: „Нема влез поради заканата за бомба“.
На видеото објавено на платформата Х (Твитер) се гледа како човек стои на врвот на споменикот подигнат во спомен на жртвите од авионската несреќа кај Смоленск, Русија, во која во 2010 година загинаа 96 лица, меѓу кои и тогашниот полски претседател Лех Качински и неговата сопруга Марија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…