КРАЈ НА ДРАМАТА ВО РУСКИОТ ЗАТВОР: Ликвидирани двајца киднапери, четворица ранети!
Двајца затвореници кои зедоа заложници во истражниот затвор се елиминирани, а четворица се ранети, соопшти Федералната поправна служба.
Се додава дека вработените, кои затворениците ги држеле како заложници, се ослободени.
Претходно, пукотници се слушнаа во истражниот затвор во Ростов, каде група затвореници ги држеа вработените како заложници.
Имено, група затвореници во истражниот затвор во Ростов на Дон, кои претходно беа обвинети за тероризам, зеле како заложници двајца вработени, соопшти Федералната поправна служба.
Се наведува дека затворениците, кои зедоа заложници во истражниот затвор, бараат да им се даде оружје и да им се даде можност да го напуштат притворот.
Претставници на обвинителството пристигнале во истражниот затвор со цел да преговараат и да ги ослободат заложниците, изјавил изворот за „РИА Новости“.
„Затворениците се вооружени со секири и гумени палки“, додаде тој.
На терен се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството. Преговорите за ослободување на заложниците се во тек.
Сообраќајот е ограничен во околината на истражниот затвор, а самиот објект функционира нормално и ситуацијата е под контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…