Крај на кризата во Бугарија? Денков и Габриел денеска ќе го објават составот на нивната предлог-влада
Најверојатно денеска коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ ќе го претстави составот на својот проектен кабинет.
Очекувам финална средба со Марија Габриел, а потоа ќе биде јасно дали денеска ќе се врати мандатот“, коментираше кандидатот за премиер Николај Денков. Тој посочи дека составот на кабинетот кој протече синоќа е тој што ќе биде предложен на усвојување во Собранието. Составот вчера го одобрија раководствата на ПП и ДБ.
По повод измените на првичната листа за министри кандидати, Денков изјави дека тие се предложени за да се исполнат очекувањата дека составот ќе биде политички понеутрален. „Ако сакаме парламентарна поддршка, нормално беше да предложиме повеќе експертски номинации. Моравме да повлечеме некои политички фигури за да го направиме кабинетот понеутрален“, коментира Денков. Според него, конечната листа на предложени министри е консензуална и секој од предложените членови има тежина на своето место и може да ја заврши работата.
„Сакам да ве потсетам зошто ја формираме оваа влада – прво, државата нема буџет. Привремената влада беше обврзана да поднесе уште во октомври, наместо тоа сега правиме второ продолжување на законот за продолжување. Второ – сакаме реформи во правосудството, но тоа се прави со измени во законската регулатива Трето – не чекаат многу наталожени проблеми – евидентираните и одложените мерки во планот за закрепнување се всушност важни реформи кои мора да се спроведат“, коментира Денков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…