Крај на тензијата во Косово? Србите се изборија за ослободување на затворените и осудените сонародници!
Полицаецот Дејан Пантиќ ќе биде пуштен во домашен притвор, младиот човек уапсен во Газиместан ќе биде ослободен, известуваат српските и косовските медиуми.
Полицаецот Дејан Пантиќ, кој беше уапсен на 10 декември на административниот премин Јариње и се уште е во притвор, ќе биде пуштен во домашен притвор, пишуваат белградските медиуми.
Пантиќ најпрво ќе биде испратен во болница, каде што ќе се следи неговата општа состојба, со оглед на тоа што помина речиси три недели во Јариње, во базата на косовската полиција.
Ослободувањето на Дејан Пантиќ е првото барање на Србите од северот на Косово кои во знак на протест подигнаа барикади на повеќе места, каде што останаа и до денес.
Барањето за ослободување на Пантиќ јавно го изнесе и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој цело време е во контакт со сопругата на Пантиќ, Сузана Пантиќ.
Дејан Пантиќ беше припадник на косовската полиција во Косовска Митровица, која ја напушти на почетокот на ноември кога Србите се повлекоа од институциите во Приштина.
Никола Недељковиќ, пак, дваесетгодишникот од Белград, кој беше уапсен во Газиместан, по што беше осуден на затворска казна, ќе биде ослободен.
На 6 септември Недељковиќ беше осуден на осум месеци затвор за „предизвикување етничка омраза и нетрпеливост“, по што помина два месеци во притвор.
Апелациониот суд во Приштина на почетокот на декември му ја намали казната на Недељковиќ. Тој е уапсен од косовската полиција на 28 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…