Крвава ноќ во Марсеј: Престрелка со возила, две лица загинаа

t

Две лица загинаа во престрелка во францускиот град Марсеј, јавуваат светските медиуми.

Според првите информации, инцидентот се случил во северниот дел на градот, а весникот „Паризиен“ истакнува дека во нападот тешко е повредено и трето лице. Според извештаите, станува збор за 20-годишен маж чиј живот е во опасност.

Нападот се случил во 13-тиот округ, кога сторителите испукале повеќе истрели кон возило на автопатот, се вели во извештајот.

Според информациите на ТВ мрежата „БФМ Марсеј“, убиените веќе ѝ биле познати на полицијата.

Идентитетот на жртвите засега не е познат, но извори наведуваат дека се на возраст меѓу 20 и 30 години.

Новинската агенција АФП наведува дека од почетокот на оваа година во тој дел на градот се убиени најмалку 22 лица, а во повеќето случаи нападите се поврзани со трговија со дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРЕСТРЕЛКА меѓу косовската полиција и жители на…

Косовската полиција соопшти дека утрово имала вооружен…

Хорор во Марсеј, Франција, полицијата пронашла возило…

Во престрелка во 16-тиот арондисман во францускиот…

(Видео) ДЕТАЛИ ЗА АТЕНТАТОТ ВО МАРСЕЈ: Се…

Подготовката на убиството на Александар Караѓорѓевиќ траела…

Македонскиот државјанин е во добра состојба, случајно…

Македонскиот државјнанин кој вчера вечерта беше ранет…

Детали за вчерашната престрелка во Белград: Македонскиот…

Македонскиот државјанин Д.Л. (21), кој вчера вечер…