(Видео) ДЕТАЛИ ЗА АТЕНТАТОТ ВО МАРСЕЈ: Се планирал со години, атентаторот имал тетоважа на ВМРО

t

Подготовката на убиството на Александар Караѓорѓевиќ траела долг временски период, околу две години. ЦК на ВМРО го имала назначено Кирил Дрангов како инструктор на терористичките торијки и петорки кои требало да спроведат план за убиството на кралот, вели професорот Никола Жежов во денешното гостување во Тешки муабети.

– Таквите подготивки оделе многу тешко, споро, требало да се најдат соодветни луѓе за тоа, регрутацијата ја правел Кирил Дрангов.

Му се обратил на Владо Черноземски, тој бил ослободен од судски процес во Бугарија, обвинет за ликвидација исто така, многу ладнокрвен човек кој исчезнал бидејќи дал патни исправи со друго име под кои се смета дека извесно време заедно со Дрангов и инструктори заминале во Унгарија во близина на денешната унгарско-австриска граница.

Неколкупати Дрангов и атентаторите оделе на обуки во Италија, тој процес треал долго време. Атентат врз Караѓорѓевиќ се обиделе да извршат и за време на неговата посета во Софија во 1933 година но била спречена акцијата.

Потоа атентаторите вежбале пукање во мети и слично, ракување со експлозив… Имало неколку сценарија како да се ликвидира Караѓорѓевиќ.

Клучно е дали остаоците на ВМРО само го подготвувале или имале поддршка, според мене имале логистичлка поддршка од усташкото движење на Анте Павелиќ, некои историчари сметаат дека и Италија и фашистичка Германија сметале дека треба ВМРО да биде употребена како алатка за убиство на кралот Александар Караѓорѓевиќ.

Тој публицитет со убиството нема регионално, но има пошироко значење. Кралот заедно со Франција, Чехословачка имале основано пакт “мала Антанта”, значи своевиден блок против Германија во регионот.

Непријателството на ВМРО кон југословенскиот крал го искористиле и други фактори, усташите, фашистичка Италија, нацистичка Германија…

Атентатот бил испланиран на 9 октомври при посетата на Марсеј да биде убиен само кралот, не и МНР Луј Барту, тој бил колатерална штета.

Тогашната француска полиција не спровела никакви мерки за заштита, отворен автомобил, автомобилот одел многу споро и слично имако југословенската служба имала сознанија за обид за ликвидација на кралот.

Имало само двајца коњаници, државната безбедност била многу слаба. Во толпата од десетици илјади граѓани од толпата истрчал Владо Черноземски, се качил на платформата и истрелал неколку куршуми. Веднаш на раните им подлегнал кралот, а на министерот не му била пружена соодветна помош, починал од обилно крварење инаку бил погоден во рака.

Атентаторот бил убиен, има неколку верзии како е убиен, при аутопсијата биделе дека се работи за атентатор на ВМРО бидејќи не бил познат идентитетот но имал тетоважа на ВМРО со мртовечка глава. Бил погребан на непознато место, после убиството бил организиран голем судски процес во Франција каде се суделе останатите членови на групата инаку усташи кои во последен момент се повлекле. Веројатно за да се заштитат изјавиле дека се плашеле од него, тој бил крволочен атентатор и слично.

Тоа убиство покажа дека на Балканот постои и нерешено македонско прашање и ја раздрма Европа.

Се работи за исклучително ладнокрвен човек, низок со неизразени физички карактеристики. За некои неговиот чин на убиството на кралот било патриотски чин, за членството на ВМРО, за срската власт тој бил крволочен чин, удар на кралската династија Караѓорѓевиќ. Тешко е да се даваат квалификации од денешна гледна точка, но бил крајно фанатичен во спроведувањето на неговата идеја. Чинот на атенттаот го направил како акт поврзан со Македонија.

Имаше тези дека некој му платил пари, но тоа е невозможна теза, тој умрел при тој атентат, тој решил да го прежали својот живот за акт за кој сметал дека е исправен. Најголемиот дел од европската јавност го осудил тој чин, српската власт потоа презела уште порепресивни мерки во Македонија, било изгорено и срмането со земја селото Патрик во радовишко, бидејќи се претпоставувало дека атентаторот е по потекло од таму.

Не може со сигурност да се утврди дали е по потекло од Македонија или Бугарија, вели професорот Жежов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Марсеј, Франција, полицијата пронашла возило…

Во престрелка во 16-тиот арондисман во францускиот…

(Видео) ДЕТАЛИ ЗА АТЕНТАТОТ ВО МАРСЕЈ: Се…

Подготовката на убиството на Александар Караѓорѓевиќ траела…

Нека е вечно ВМРО, нека е вечна…

Поранешниот премиер на Република Македонија и лидер…

Добро утро со Инфомакс: Софија со својот…

Иван Хаџи Николов е македонски револуционер, општественик,…