Објавено на:

КРВАВO УТРО ВО НОРВЕШКИОТ ГРАД НУМЕДАЛ: Најмалку четири лица избодени со нож во случајни напади

t

Најмалку четири лица се избодени и повредени во случајни напади во Нумедал во југоисточна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.

Една од жртвите е во критична состојба, а инцидентот се уште трае, јавува Ројтерс.

Во 9:46 часот, еден час откако првпат биле известени за инцидентот, полицијата на Твитер објавила дека имала контрола над лицето за кое веруваат дека е сторителот.Случајот полицијата го дефинира како ПЛИВО инцидент, односно континуирано насилство опасно по живот.

Двајца сведоци велат дека инцидентите се случиле до продавница во близина на локална црква.

– Нешто се случи на раскрсницата кај продавницата. На лице место има неколку возила на брза помош. Се чини сериозно, изјави еден сведок за медиумите.– Засега има три лица кои се повредени, а едно е тешко повредено. Работиме на повеќе информации, соопшти полицијата на Твитер.

Градоначалникот Јан Бјерке за медиумите изјави дека нема целосен преглед на ситуацијата.

– Во процес сме на формирање кризен штаб. Добив известување пред 15 минути. Не е познато кога се случил инцидентот, изјави Бјерке.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…

Ди Цајт: Победа на Русија ќе значи…

Русија не треба да ја добие војната…

Путин: Земјите од “златната милијарда” го експлоатираат…

Современите кредитни односи се организирани на тој…