Објавено на:

Кремљ бара Ерменија да одржи референдум: „Или ЕУ или Евроазиска економска унија“

t

Москва ја покани Ерменија да одржи референдум до декември 2026 година на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат земјата да се приклучи на ЕУ или да остане во Евроазиската економска унија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин, објави државната новинска агенција на Ерменија.

Според него, лидерите на земјите од ЕАЕУ ќе го разгледаат статусот на Ерменија и влијанието на нејзиниот европски курс врз членството на состанокот на Врховниот Евроазиски економски совет во декември.

„Очигледно е дека, доколку повикот за одржување референдум не биде прифатен до тој момент, лидерите на ЕАЕУ ќе го земат предвид тој факт при утврдувањето на понатамошните заеднички чекори“, рече Галузин.

Тој потсети на заедничкиот апел на претседателите на Русија, Белорусија, Казахстан и на Киргистан од 29 мај, Ерменија што е можно поскоро да организира национален референдум и да одлучи дали има намера да се стреми кон членство во ЕУ или да остане во ЕАЕУ.

Галузин рече дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан дал контрадикторни изјави за можен референдум за време на изборната кампања, но дека самиот признал дека Ерменија сè уште не добила покана за членство во ЕУ и можеби никогаш нема да стане членка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…