Кремљ за средбата меѓу Путин и Трамп: Подготовките можат да започнат кога Трамп ќе влезе во Белата куќа
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја коментираше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за средба со рускиот лидер Владимир Путин, велејќи дека подготовките за таа средба ќе започнат дури откако Трамп ќе влезе во Белата куќа.
„Нашата појдовна точка е дека сме апсолутно подготвени за средбата, но какви било чекори во овој поглед може да се преземат само откако Трамп ќе влезе во Овалната соба“, рече Песков.
Портпаролот на рускиот лидер уште еднаш повтори дека официјална Москва ја поддржува желбата на Трамп за дијалог со Путин.
„Гледаме дека и г-дин Трамп ја изјавува својата подготвеност да ги реши проблемите преку дијалог, ние го поздравуваме тоа. Сепак, сè уште нема ништо конкретно за тоа“, додаде тој.
Песков рече и дека нема прелиминарни услови во однос на претседателот на Русија и САД, потребно е само да има взаемна желба и политичка волја за воспоставување дијалог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…